VIP Професионален тенис Вести

Марковски поразен во продолжението од мечот со Орлов

03.07.2026

Македонскиот тенисер Обрад Марковски го заврши настапот на Macedonian open 2026 во второто коло откако денеска во продолжението загуби во комплетирањето на мечот со Владислав Орлов од Украина со 2-0 (63 62). Мечот вчера беше прекинат поради темница при резултат 1-0 во сетови и 2:2 во гемови.

Заедно со денешното продолжение мечот траеше 100 минути.

Орлов, кој победи во четвртфиналето по одморот ќе игра против Петар Јовановиќ.

Од македонските тенисери денеска во четвртфиналето ќе настапи Калин Ивановски против Александре Вајс од Италија, а мечот нема да почне пред 11:30 часот.

Во рамки на попладневната програма се очекуваат и настапите на македонските тенисери во конкуренција на двојки.