Втора победа на дуелите од Државната лига постигнаа екипите на Југ и Поинтер во рамки на денешната програма. Шампионот Југ очекувано го совлада МТП со 6:0, додека Поинтер одигра драматичен меч и со 4:3 успеа да слави против Мондано. Во третиот меч од денешната програма Тумба постигна победа над МТП со 5:1.
Утре на програмата е дуелот на непоразените што практично и значи меч за титулата меѓу Поинтер (домаќин на натпреварите) и Југ, а почетокот е во 9 часот. Во вториот меч од утрешната програма играат МТП и Мондано.
Дуелите од лигата ќе завршат во петок со мечевите: Мондано – Југ и Поинтер – Тумба.
На чело на табелата се Југ и Поинтер со 2-0 (победи/порази), следува Тумба со скор 2/1, а МТП и Мондано имаат 0/2.