Богата програма со мечеви од првото квалификациско коло имаше денеска на терените на ТК Југ во рамки на М25 Скопје турнирот „Macedonian Open 2026“.
Резултати на македонските тенисери:
Горјан Вукиќевиќ – Дарко Колевски 2-1 (46 76(4) 10-8)
Алексеј Стојановски – Матеј Попов 2-0 (62 75)
Ерион Незири – Максим Тренески 2-0 (62 63)
Марко Мариќ (Франција) – Самоил Честовалиев 2-0 (62 63)
Александер Влахос (Полска) – Игор Србљак 2-0 (62 60)
Горзад Србљак – Рикардо Масиеро (Италија) 2-0 (61 63)
Александар Трифуновски – Алекс Хант (Нов Зеланд) 2-1 (75 16 10-8)
Максимилијан Алексовски – Микита Фоменко (Украина) 2-1 (16 62 10-8)
Антон Марченко (Украина) – Ѓорѓи Јанкуловски 2-1 (61 46 10-4)
Сајмон Мунтвајлер (Швајцарија) – Борјан Ѓуковиќ 2-0 (62 60)
Марко Алексовски – Фидел Нвеке (Данска) мечот се игра понеделник.
Според програмата македонските тенисери ги имаат следните ривали во второто коло од квалификациите:
Горјан Вукиќевиќ – Тадија Радовановиќ (Србија, 6 носител)
Максимилијан Алексовски – Жозеф Хернандез (Аргентина,8)
Горазд Србљак – Лоренцо Лети Месина (Италија)
Алексеј Стојановски – Максимилијан Борисов (Бугарија, 5)
Александар Трифуновски – Јаник Кастелново (Швајцарија,7)
Ерион Незири – Ерик Владимиров (Бугарија)
Со победа Марко Алексовски во попладневните часови ќе треба да игра и втор меч против вториот носител Валентино Конте од Италија.
Мечевите од квалификациите утре (понеделник) ќе се играат на пет терени, а почетокот на првите мечеви е во 9:30 часот.