Јуниорски тенис Вести VIP Main

Полуфинале и третото место за Алексовски на турнирот во Софија

31.07.2026

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) го освои третото место на турнирот во Софија откако денеска во полуфиналето загуби од домашниот тенисер Мартин Бонев со 2-0 во сетови (76(5) 62). На овој начин Алексовски ја продолжи успешната низа настапи на турнир за играчи до 18 години, бидејќи Дема Куп во Софија е од категорија J30 Софија.

Алексовски до полуфиналето постигна четири победи. Најпрво во групата ги совлада: Јоанис Мацокас од Грција со 2-0 во сетови (63 60), потоа беше подобар од Кристијан Стефанов од Бугарија со 2-0 во сетови (61 61) и во третиот меч во групата го победи Доминик Чопек од Велика Британија со 2-0 во сетови (60 63). Во четвртфиналето Алексовски го победи Матеј Суцу од Романија со 2-0 во сетови (63 61).

Македонскиот тенисер претходната недела ја заврши како финалист на турнир во Солун и без ден одмор стигна во Софија, а по кусиот одмор од два дена (без мечеви) од понеделник го очекува настап на Ј60 Скопје турнир што ќе се игра на терените на ТК Југ.