Македонските млади тенисери до 18 години го загубија денешниот меч од Хрватска за пласман на петтото место на „Summer cup“ што се играше во Анкара. Во изедначен меч противникот победи со 2-1 откако во решавачкиот дуел во двојки Кристијан Јанев и Ерион Незири загубија од Георге Гњидиќ и Хрвоје Јутреша со 2-1 во сетови.
Во решавачкиот дуел македонскиот дубл го доби првиот сет со 6:4 во гемови, но противниците го добија вториот сет со 6:3 и изедначија на 1-1. Во решавачкиот сет беше 10-6 на поени за хрватските тенисери.
Инаку, македонскиот тим поведе со 1-0 откако Јанев го совлада Ивон Јовановиќ со 2-1 во сетови (76(5), 16 и 64), а Хрватска изедначи со победата на Гњидиќ против Незири со 2-0 во сетови (62 64).
Во првите два меча претходните денови македонските тенисери загубија со 3-0 од Турција и ја совладаа Црна Гора со 3-0.
Победник на оваа Д зона што се играше во Анкара е Турција откако во финалето ја совлада Романија со 2-0.