Македонската тенисерка Сара Митевска продолжува со победите на Европскиот шампионат за тенисери и тенисерки до 16 години што се игра во Парма, Италија.
Во денешниот меч од осминафиналето Митевска ја надигра првата носителка Марија Валентина Поп од Романија. Таа на противничката и дозволи да освои само три гема – 2-0 во сетови (61 62). Романската тенисерка се наоѓа во ТОП 30 за тенисерки на возраст до 18 години.
Следна ривалка (утре) ќе и биде Милена Стеинкамп од Германија. Сара досега постигна три победи против Тинкара Сеп од Словенија, Емесе Серкеди од Унгарија и денешната против првата носителка Поп од Романија.