VIP Професионален тенис Вести

Стартуваат мечевите од поединечното државно првенство

07.07.2026

На терените на ТК Југ од денеска до петок ќе се играат мечевите од државното првенство во двете конкуренции (мажи и жени). Според програмата денеска треба да се играат 16 мечеви на четири терени, односно мечеви од првото и второто коло кај мажите, како и првото коло кај жените.

Во машка конкуренција како прв носител е рангиран Дејвис куп репрезентативецот на Македонија и лански финалист Кристијан Јанев, а носител број 2 е уште еден репрезентативец Стефан Мицов.

Кај девојките носителка број 1 е Теона Андова, додека како носител број 2 е новата македонска тениска надеж Сара Митевска.