Јуниорски тенис VIP Вести

Темов го освои турнирот Битола Опен

02.06.2026

Младиот македонски тенисер Андреј Темов триумфираше на турнирот Битола Опен за тенисери до 14 години. Турнирот беше од категорија 3, а Темов во финалето го победи Ленарт Кадриу од Швајцарија со 2-0 во сетови (64 76(4)).

Но,патот до финалето за Темов беше потежок отколку самиот финален меч. Во полуфиналето во три сета со 2-1 во сетови (46 63 62) го победи Димитрис Николау од Грција, а во четвртфиналето беше поуспешен од Ставрис Ладерос од Белгија со 2-1 во сетови (63 57 62). Во првите две кола Андреј беше убедлив со двете победи против Топрак Албајрак од Турција со 2-0 во сетови без загубен гем, додека во второто коло го победи Виктор Дамјанов од Германија со 2-0 во сетови со само еден загубен гем.

Во конкуренција на двојки Темов настапи со Василиј Закоски и беа елиминирани во полуфиналето од победниците во двојки Сами Дамани од Франција и Леви Де Вахтер од Белгија.

Темов оваа недела настапува на турнирот во Скопје на МТП опен, каде е рангиран како прв носител, а покрај него настапуваат и уште неколку млади македонски тенисери и тенисерки.