Првите вистински возбудувања односно стартот на турнирот М25 Скопје Macedonian Open 2026 ќе се одиграа денеска на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје. Според програмата за 30.јуни – вторник прво ќе се играат мечевите „финални“ од квалификациите, осум мечеви по кои победниците ќе се пласираат на „главниот турнир“. Мечевите ќе се играат на четири терени. Со почеток во 9:30 часот.
Во попладневната програма, но не пред 15 часот се закажани и осумте мечеви од првата рунда на турнирот во двојки. Програмата е делумно и направена со цел ако некои од мечевите траат по кусо играчите да не бидат изложени на сонце кога е најтопло.
Од македонските тенисери во квалификациите ќе настапи само Горазд Србљак, додека во конкуренција на двојки десетина ќе имаат мечеви.