Од утре на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот ќе трае до 5.јули (недела) за кога е планиран финалниот меч во поединечна конкуренција.
Според распоредот на мечевите првиот ден се играат мечевите од првото коло од квалификациите, а во понеделник се играат мечеви од второто квалификациско коло, додека главниот тунрир и турнирот во двојки стартуваат во вторник. Истиот ден ќе се играат и мечевите од третото квалификациско коло, каде победниците (осум) ќе се пласираат на главниот турнир.
Во среда се планирани другите мечеви од 1.коло (сингл и двојки), додека во четврток е денот за мечевите од 2.коло (сингл и двојки). Во петок се планирани четвртфиналните сингл мечеви и полуфиналните во двојки.
За сабота е планирано финалето во двојки, како и двата полуфинални меча.
Почетокот на мечевите се планирани секој ден во 10 часот, а организаторот има можност да направи промени со саатницата за почеток на дневната програма.
Турнирот оваа година ќе се игра за награден фонд од 30.000 американски долари, а победникот ќе освои 25 поени.