Марина Лазаровска е македонската тенисерка која во текот на 90-те години од минатиот век беше предводничка на женскиот македонски тенис. Таа дел од својата кариера во младинска конкуренција имаше настапи и како дел од поранешната држава Југославија. Марина денеска веќе 11 години со сопругот и ќерката живее во Менхетен, Њујорк
Тенис игра од лично задоволство, а поради работните обврски и семејството нема многу време за нејзиниот спорт, иако знае да работи и како тренер со нејзината ќерка. Како тренер има работено во Виена, Њујорк, Мајами и нејзина желба е да биде инволвирана во тенисот, кој е дел од нејзиниот живот и кога би имала прилика сака да биде активно вклучена.
Во својата кариера (не така долга) има три турнирски победи: Софија (Бугарија),Мерсин (Турција), Скопје (Македонија), а финале има играно во грчките градови: Петропули и Филоти. Во конкуренција на двојки има 8 турнирски победи (две во Скопје), како и уште шест финални мечеви. Таа за македонската ФЕД-куп репрезентација настапувала од 1996 до 2001 година.
1. КОГА И КАДЕ ПОЧНА СО ТЕНИСОТ?
Почнав на 7 години во Тенискиот клуб Југ во Скопје.
Идол ? Во мое време тогаш најпозанти беа: Штефи Граф и Моника Селеш нив ги следев.
Со многу тенисерки бев во контакт. Не би можела да издвојам некоја тенисерка. Тоа беше во зависност од турнирот, каде се наоѓаме во светот. Со тенисерки од поранешна Југославија и сега разменуваме мислења за тенисот и актуелностите и одржуваме контакти.
За ФЕД куп репрезентацијата имам настапувано 5-6 пати. Голема чест и радост беше да ја претставувам Македонија. Секако дека ќе го издвојам настапот во 2000 година во Есторил, Португалија кога се пласиравме од Втората во Првата Евроафриканска група – голем успех.
Не сум имала предрасуди во тоа време.
Да особено сега. Денеска ако има квалитет и успех – женскиот спорт е многу повеќе популаризаиран. Во тенисот особено медиумското влијание има благодарение на Били Џин Кинг очекувам тоа и да оди напред, а пред се како жена тоа многу ме радува.
Беше нешто необично. Имаше многу малку девојчиња. Но, на државното првенство до 14 години трибините на ТК Југ тогаш беа полни. Нормално ме радува дека така било.
Девојчиња уживајте во тенисот – тоа е одличен спорт. Бидете трпеливи, работете на себе, на техника на стилот, не се споредувајте со други. Следете го својот сон. Како девојчиња слушајте го своето тело. За евентуален проблем кажете на тренерот, на семејството, верувајте дека припаѓате на теренот, радувајте се на малите победи – треба да се има голема цел. Но, секој меч, секој тренинг се брои.
Ако правиме споредба во мое време и сега. Кога јас играв имаше еден-два клуба, немаше сали, играв, тренирав и на -15 степени, сега , балони, турнири, има турнири за деца (црвен, зелен, протокалов тенис). Македонскиот тенис сега е понапред, во споредба од порано и ме радува и воедно се надевам дека бројот на тенисери и тенисерки ќе расте и дека децата ќе сакаат да тренираат, а има услови за почетен развој.
Јас се откажав рано на 23.години – навистина рано, сега играат и подолго. Има живот и по тенисот, не е крај на светот.
Имам многу турнири и настапи. Но, би го издвоилја турнирот во Скопје мислам септември 1999 година сателит кога го освоив. На терените на ТК Југ победив и во сингл и во двојки. Турнир беше малку чуден мислам дека во еден ден играв сингл полуфинале, финале и финале двојки. Многу убаво чувство кога ќе победиш на домашен терен.
Резултати и квалитет покажуваат се.
Ако зборуваме кај нас, следам – моја иницијатива би била да има повеќе женски турнири да има и дружење, кампови, со женски тренери,... и да се инвестира во јуниорскиот тенис. За да не се откажат или одат во САД на Универзитет.
Порано кога играв мислам дека немаше многу. Сега е поинаку, тренерки, судијки ,новинарки бројката расте и се надевам дека ќе се зголемува – тоа ме радува
Мој идол во спортот беше Јелена Генчиќ ми беше селектор во поранешна Југославија кога бев во репрезентација до 14 и до 16 години.
Следи го сонот и не се откажувај – не се откажувај и од школото, дека има живот и надвор од тенисот. Важно е да се играат и други спортови и кои ќе можат да ти бидат од помош
Има и лоши денови и порази, и немојте да не се откажувајте!
*Интервјуто е дел од Проектот за родова еднаквост во тенисот „АС за еднаквост“ во соработка со Олимпискиот Комитет на С.Македонија и финансиски поддржан од Европската Комисија