Јуниорски тенис VIP Вести

Заврши Интеко Опен 2026 во Скопје

24.08.2026

На терените на ТК Југ изминативе денови со одржаа мечевите на Ј30 Скопје турнирот Интеко Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 18 години. Во машкото финале настапија двајца тенисери од Бугарија, а победи Марин Абаџиев со 2-0 во сетови против Кристијан Стефанов. Кај девојчињата победи Илина Илиева од Бугарија, која со 2-0 ја победи Вирџина Зема од Италија.

Во конкуренција на двојки кај девојчињата пехарите им припаднаа на Анастасија Дмитриев и Ноел Зема од Италија, додека кај момчињата победија Британците Олувајомилоју Амину и Спенсер Брамвел.

Од денеска се игра последниот од четирите турнирите за тенисери од оваа возраст во Ј30 Скопје (Tennispark Pointer Open 2026). Неколку млади македонски тенисери се дел од турнирот, кој се игра во првата фаза во групи.