Вимблдон – неофицијалното Светско првенство во тенис годинава пред сè женскиот турнир ќе има и „македонски шмек“.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги мина квалификациите и на тој начин успеа да се избори за пласман на главниот турнир, а ждрепката и ја донесе ланската финалистка Американката Аманда Анисимова.
И со резултатот досега Ѓорческа ги надмина сите досегашни настапи и како што самата изјави ова е остварување на нејзиниот сон.
Инаку, женскиот турнир на Вимблдон се играл уште одамна во 1884 година (машкиот почна во 1877 година). Турнирот не се одржувал само во периодот од 1915 – 1919 година и од 1940 – 1945 година поради двете Светски војни, како и во 2020 година поради КОВИД пандемијата.
Ова е третиот Гренд слем турнир во календарската година, но во 1946 и 1947 година, бил втор и се играл пред Ролан Гарос.
Олимписките игри во Лондон 2012 година се играа на терените на Вимблдон.
Најмногу титули има Мартина Навратилова – вкупно 9 од кои шест се во низа од 1982 до 1987 година, а во аматерската ера осум титули има Хелен Вилс од САД, додека Сузан Леглен од Франција има 5.
Секако враќањето на Серена Вилијамс (ќе настапи со вајлд карта) привлекува огромно медиумско влијание. Серена е седумкратна шампионка на Вимблдон и последна тенисерка што успеала да ја одбрани титулата (2015 и 2016), бидејќи во годините што следеа секогаш имаше нова шампионка. Низата ја почнува Гарбине Мугуруза од Шпанија (2017), Анжелик Кербер од Германија (2018), Симона Халеп од Романија (2019), Ешли Барти од Австралија (2021), Елена Рибакина од Казахстан (2022), Маркета Вондрушова од Чешка (2023), Барбора Крејчикова од Чешка (2024) и Ига Швјонтек од Полска (2025).
Вондрушова воедно е тенисерка, која со најнизок ранг (42. место) успеала да триумфира на Вимблдон, а меѓу победничките, а ниту финалистките ја нема во моментов најдобрата Арина Сабаленка, што на годинашново издание на женскиот турнир му дава посебен мотив за следење (секако и заради настапот на Македонката Лина).
Вимблдон почнува во последниот понеделник во месец јуни, или првиот понеделник од месец јули. Составен дел на традицијата (која Британците ја одржуваат) се и јаготките со шлаг.
Годинава женскиот Вимблдон за Македонија ќе има едно поинакво значење поради настапот на Лина Ѓорческа, која стана прва македонска тенисерка (и кај мажите и кај жените) со настап на Гренд слем турнир.
*Статијата е дел од Проектот за родова еднаквост во тенисот „АС за еднаквост“- Проект поддржан од Олимпискиот Комитет на С.Македонија, преку Проектот Фер Игра, а финансиски поддржан од Европската Комисија