Вести

Macedonian Open ќе има свој редовен термин и следните години

22.05.2023

Македонската тенисека федерација како дел од активностите за Челинџер 75 турнирот Macedonian Open денеска одржа и прес конференција на која присутни беа и првите луѓе на федерацијата, како и директорот на турнирот и нашиот најдобар играч Калин Ивановски. По пауза од 23 години Скопје и терените на ТК Југ се место каде се игра тенис на нешто повисоко ниво во однос на претходно.

За важноста на турнирот особено за играчите кои се со ранг околу 200-то место на АТП листата важноста е пред бројот на поени кои ги добива победникот.

Турнирот веќе го одработува вториот ден, на кои покрај финалните мечеви од квалификациите почнаа и мечеви од првата рунда на „главниот турнир“.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе биде дел од турнирот и во првото коло ќе игра утре против Дино Призмиќ од Хрватска.

Турнирот ќе трае до сабота кога се играат финалните мечеви во двете конкуренции.