Професионален тенис Вести

Macedonian Open 2025 е микс на млади и искусни тенисери

19.05.2025

Годинашново издание на АТП Челинџерот Macedonian Open е убава можност за напредок на АТП листата на сите присутни тенисери. Ова особено се однесува на младите тенисери, кои преку игрите во Скопје треба да „соберат“ повеќе поени. Турнирот е од рангот Challenger tour 75, со награден фонд од 100.000 долари. Ова е трето издание откако во 2023 година турнирот беше возобновен по неколку годишна пауза.

На турнирот има и неколку иновации, кои ќе бидат задолжителни во следниот период.

Турнирот ќе се одвива во текот на оваа недела, полуфиналните мечеви во двете конкуренции ќе се играат во петок, а во сабота се планирани финалните мечеви. Победникот на турнирот ќе освои 75 поени, како и награда од 12.980 евра.

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ