Вести

Азербејџан е следниот противник на македонските тенисерки

19.06.2023

Женската тениска репрезентација на Македонија утре (вторник) во меч од второто коло од Б група ќе игра против селекцијата на Азербејџан, која во првото коло денеска загуби од Финска со 3:0 и притоа во јиту еден од трите меча тенисерките на Азербејџан не освоија ниту еден гем. Сите мечеви завршија 60 60 за тенисерките од Финска. Нашата репрезентација важи за фаворит и за очекување е нова победа.

Утре слободна ќе биде репрезентацијата на Кипар.

Македонија и Азербејџан за првпат ќе играат меѓусебен натпревар во Били Џин Кинг купот или претходно Фед Куп.

Распоред на мечевите по терени - вторник 20.јуни:

Централен терен: Македонија - Азербејџан (Б група)

Терен број 5: Луксембург - Црна Гора (А група)

Терен број 6: Исланд - Албанија (Б група)

Терен број 7: Финска - Молдавија (Б група)

Терен број 8: Ерменија - Сан Марино (А група)

Резултати од 1.коло:

Македонија - Албанија 3:0, Финска - Азербејџан 3:0, Молдавија - Исланд 3:0 (Б група)

Ерменија - Црна Гора 2:1 и Кипар - Сан Марино 3:0 (А група). Слободна беше селекцијата на Луксембург.

Фото: Денис Дуковски