Присуството на најголемиот спортски собир во светот годинава Олимписките игри во Париз 2024 е секако голема чест, но воедно и привилегија, за оние кои добиваат покана да бидат дел од Игрите. Македонија на овој спортски настан има шест спортисти, но има и свои претставници во редовите на судиите. Една од нив е и нашата Анета Павловска, која ќе биде дел од тениските мечеви во Париз.
Павловска веќе неколку години е дел од најголемите тениски турнири во светот, а присутна е и турнирите кои последните години се одржуваат во Македонија.
Павловска и на овие Игри кои ќе се играат на терените на Ролан Гарос ќе биде дел од линските судии, иако на некои од турнирите знаеме да ја видиме и како судија на стол.
Тенискиот турнир на Игрите во Париз ќе се одржува од 27.јули (првиот ден) до 4.август, а ќе се играат мечеви во поединечна конкуренција кај мажите и кај жените, мечеви во двојки кај мажите и кај жените и во мешани двојки.

Анета Павловска во родниот град Битола

Анета Павловска - Ролан Гарос

Анета Павловска - Летни Олимписки игри Токио

Анета Павловска - Вимблдон заедно со македонски судии