Вести Репрезентативен настап

Дејвис куп: Малта прв противник на македонските тенисери

09.06.2025

Од утре до сабота на терените на ТК Југ во Скопје ќе одигруваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Македонија оваа година ќе биде предводена од Калин Ивановски, кој по една година се враќа во националниот тим (поради повреда отсуствуваше лани), а покрај него во тимот се уште: Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ, Стефан Мицов и најмладиот Кристијан Јанев.

Селекторот Горан Шевченко истакна дека е добро што по четири години Македонија повторно е домаќин, но и дека тимот е добар и може да постигне добри резултати и секако да се пласира во повисока група (Втора Светска група).

Секако сите очи од играчиот дел ќе бидат кон нашиот најдобар играч Калин Ивановски:

На неговата изјава се наврза и Берк Бугариќ:

Највозрасен во македонскиот тим е Стефан Мицов, кој додаде:

Во првото коло покрај мечот Македонија - Малта играат уште: Летонија - Црна Гора и Молдавија - Ерменија.

Почетокот на првите сингл мечеви е во 10:30 часот. Влезот е слободен.

ФОТО: Денис Дуковски

[gallery ids="11097,11096"]