Македонската Дејвис куп репрезентација ги одработува подготовките во пресрет на претстојните мечеви од Третата Европска зона од Дејвис куп натпреварувањето. Нашиот национален тим ја има улогата на домаќин, откако Македонската федерација е организатор на годинашново издание во оваа зона. Селекторот Горан Шевченко изминативе денови работи со групата млади тенисери, каде предводник е Калин Ивановски, а покрај него сè уште: Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ и Кристијан Јанев.
Европски репрезентации ќе бидат ривали на македонскиот национален тим. Во Скопје ќе се појават селекциите на: Ерменија, Малта, Молдавија, Црна Гора и Летонија.
Според најавите мечевите ќе се играат од вторник (10. јуни) до сабота (14. јуни), репрезентациите ќе играат секоја против секоја и трите првопласирани од групата од шест селекции ќе избори „промоција“ во Втората Светска зона, додека двете најслабопласирани ќе се „преселат“ во Четвртата Европска зона. Според правилата на ова натпреварување се играат два сингл меча, прво на терен ќе бидат второрангираните играчи, а потоа прворангираните играчи од секоја репрезентација, а на крајот е мечот во двојки. Почетокот на првите мечеви е во 10:30 часот, а следниот меч е веднаш по завршувањето на првиот меч. За мечевите во двојки можна е и пауза пред почеток на мечот за одмор на играчите.
Фото: Игор Паневски
