Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски утре ќе го има својот прв настап на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023. Тој во првото коло ќе игра против големата надеж на хрватскиот тенис Дино Прижмиќ, кој има 17 години и се наоѓа на 295.место на АТП листата што е негов најдобар пласман во кариерата. Двајцата тенисери добро се познаваат од причина кога Калин Ивановски е во Загреб тренираат во ист клуб. На денешниот прес Ивановски за настапот во Скопје и за ривалот во првото коло истакна.
Мечот Ивановски - Прижмиќ е втор на Централниот терен утре (вторник), што значи дека ќе чекаат да заврши претходниот меч меѓу Миљан Зекиќ и Нермин Фатиќ.