Вести

Комплетирано првото коло од ДП во поединечна конкуренција

13.07.2023

На терените на ТК Југ почнаа мечевите од државното првенство во тенис во поединечна конукренција кај мажите и жените, како и мечевите во двојки во машка конкуренција. Карактеристично за мечевите од стартното коло е тоа што сите мечеви завршија во два сета.

Денеска на програмата се дуелите од второто коло кај мажите и четвртфиналните мечеви кај жените. Први на четирите терени ќе бидат девојките, а по мечевите на мажите ќе се играат четирите дуели во конкуренција на двојки.

Резултати од прво коло - мажи:

Бесир Дургути (4 носител) - Филип Стојановски 62 61
Димитар Грабул (5 носител) – Марко Стоилковски 62 61
Борјан Стефановски (6 носител) - Иван Ѓуричиќ 60 62
Андреј Тасевски (7 носител) - Бодан Трпески 63 61
Иван Манасов (8 носител) – Михаил Кусески 62 61
Шендрит Деари – Драган Стојчевски 60 61
Дамјан Домазетовски – Максимилијан Алексовски 61 60
Петар Пројковски – Андреј Саздовски 62 63
Дарко Колески - Максим Тренески 64 61
Берк Бугариќ - Филип Митевски 61 60
Амар Хусеиновиќ – Бојан Трајков 62 60
Кристијан Јанев - Филип Атанасовски 61 62
Благој Темелков – Александар Илиоски предадено

Резултати прво коло - жени:
Јана Божиновска – Катја Ивановска 63 60
Ана Митевска – Ивана Милкова 61 62

Мечеви по терени - четврток (13.јули)
Терен број 5:
Јана Божиновска - Ива Данева (2)
Елдин Хусеиновиќ (3) - Шендрит Деари
Амар Хусеиновиќ - Андреј Тасевски (7)
Мицов, Ристовски - Грабул, Дургути

Терен број 6:
Александра Симева (1) - Ана Митевска
Кристијан Јанев - Томислав Јотовски (2)
Берк Бугариќ - Борјан Стефановски (6)
Тасевски, Атанасовски - Хусеиновиќ А., Хусеиновиќ Е.

Терен број 7:
Ива Василевска - Ивана Кузманоска (3)
Димитар Грабул (5) - Петар Пројковски
Дамјан Домазетовски - Бесир Дургути (4)
Манасов, Колевски - Пројковски,Саздовски/Треневски,Јанев

Терен број 8:
Теона Андова (4) - Благица Голубова
Стефан Мицов (1) - Дарко Колевски
Иван Манасов (8) - Благој Темелков
Ѓуричиќ,Темелков - Стоилковски, Кусески

Почетокот на мечевите е во 9 часот.