Тенисерките на Македонија направија голем подвиг откако денеска во дуелот од третото коло го победија носителот во Б групата селекцијата на Финска. По водството на противникот од 1:0 откако Магдалена Стоилковска загуби, Лина Ѓорческа успеа да изедначи на 1:1 и потоа во мечот во двојки решаваше за победникот, а македонскиот дубл одигра одлично.
Утре во мечот од 4.коло Македонија ќе игра против Исланд, кој денеска ја постигна првата победа совладувајќи го Азербејџан со 3:0. Почетокот на дуелот е во 10 часот.