Вести

Лабудовиќ: Првото место е изборено благодарение на тимскиот дух

24.06.2023

По ланскиот непријатен пораз во финалето од Португалија, македонската женска репрезентација оваа година на блескав начин стигна до првото место кое значи пласман во Втората Евр-африканска зона во следната година од Били Џин Кинг купот. Победата над Ерменија во финалето од 2:1 беше само круна на претхондите пет победи во групата.

Нашата репрезентација по враќањето во ова натпреварување осум години беше дел од Третата зона, а следната година ќе игра во Втората Евро-африканска зона.