Професионален тенис Вести

Македонија Опен да стане дел од традиција во македонскиот спорт

20.05.2024

Со почетокот на ATP Challenger турнирот Macedonia Open беше одржана и прес конференција за турнирот кој е од рангот Challenger 75 за запознавање на јавноста со тенисерите кои овие седум дена ќе бидат дел од тениските случувања на терените на ТК Југ во Градски парк.

Носителите настапот во Скопје ќе го искористат за подобрување на својот ранг особено што покрај паричната награда добиваат и 75 поени, а финалистот 44.

На турнирот во двете конкуренции настапуваат 67 играчи од 33 држави, а најмногу има од Италија – 7, од Индија има 5, а од Франција, Полска, Чешка и Македонија – 4.  Од 18 држави има по еден тенисер.

Полуфиналните мечеви во двете конкуренции се играат во петок на 24.мај, додека во сабота на 25.мај е финалето во двете конкуренции.

[gallery ids="8769,8770,8771"]

 

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ