Вести

Молдавија - познат противник, еден од најдобрите во Ларнака

15.06.2023

Во рамките од второто коло од Б групата од Третата европска зона македонските тенисери денеска во Ларнака, Кипар ќе играат против репрезентацијата на Молдавија, која според рангирањето е најслабата - 95 место, но станува збор за незгоден ривал што се потврди и во мечот од првото коло бидејќи само Молдавија постигна максимална победа од 3:0 против домаќинот Кипар.

Во првиот ден за Молдавија настапија двајцата прворагирани играчи: Александр Цозбинов (459 - сигл ранг и 575 - дубл ранг), кој четврта година игра во Дејвис купот и Илиа Снитари (508 - сингл ранг и 350 - дубл ранг), кој пак трета година е дел од молдавската репрезентација. Покрај овие двајцата во составот е уште Илие Казак, додека улогата на селектор и играч ја има Андреј Циумак. Двајцата се официјално без ранг.

Ова ќе биде седми меч на Македонија против Молдавија имаме скор од 4 победи и 2 пораза и сите мечеви завршиле со резултат 2:1. Пет од мечевите се играни во рамките на Третата зона, а само еден во 2021 година беше дел од Четвртата зона.

Досегашни мечеви Македонија - Молдавија:

1998 година / Македонија - Молдавија 2:1 (играно во Македонија)

2000 година / Македонија - Молдавија 1:2 (Мадагаскар)

2003 година / Македонија - Молдавија 2:1 (Летонија)

2017 година / Македонија - Молдавија 2:1 (Бугарија)

2021 година / Македонија - Молдавија 2:1 (Македонија)

2022 година / Македонија - Молдавија 1:2 (Црна Гора)

За денешниот ривал селекторот Горан Шевченко по триумфот вчера над Малта изјави:

Покрај мечот Македонија - Молдавија од Б групата на програмата е мечот Кипар - Малта, додека од групата А ќе играат Сан Марино - Црна Гора, а слободна е селекцијата на Естонија.