Јуниорски тенис Вести

Одржан турнир „портокалов тенис“ во Кавадарци - победник Коста Заевски

26.02.2024

Младите македонски тенисери изминативе денови беа дел од турнирот - портокалов тенис за момчиња. Победник на турнирот е Коста Заревски од клубот Поинтер, кој во финалето го победи Дарјан Белчовски од Академија со 2-0 во сетови (40 40).

Претходно двајцата млади тенисери имаа максимален учинок во групната фаза и постигнаа по три победи без пораз, за потоа и во полуфиналето да победат. Заревски убедливо го совлада Симон Мицковски, додека по голема борба Белчовски го победи Стефан Гичев.

Комплетните резултати може да ги погледнете на следниот линк.