На терените на ТК Југ денеска се играат мечевите по кои ќе бидат познати тенисерките кои ќе имаат и викенд програма на „Триглав опен“ на фјучрсот што се игра во Скопје (награден фонд 40.000 долари). На програмата се четирите четвртфинални мечеви во сингл и двете полуфиналиња, а три тенисерки имаат двојна програма (Леолиа Жанжан, Сада Нахимана и Јустина Микулските).
Свој настап ќе има и македонската тенисерка Лина Ѓорческа која е четврта носителка и ќе игра против Сада Нахимана од Бурунди (22 год., 292 место ВТА): Нахимана оваа година има едно финале и тоа на „домашен терен“ во Бујумбура. Почетокот на мечот
Распоред на мечевите од програмата петок 15.септември:
Централен терен (терен број 1) - почеток 10 часот:
Јустина Микулските (Литванија,9) - Деа Херџелаш (БиХ)
Лина Ѓорческа (Македонија,4) - Сада Нахимана (Бурунди,8) не пред 11:30 часот
Жибек Куламбајева (Казахстан), Јустина Микулските (Литванија,1) - Елени Христофи, Димитра Павлу (Грција) не пред 13 часот
Терен број 5 - почеток 10 часот:
Леолиа Жанжан (1,Франција) - Ива Приморац (Хрватска)
Ајла Аксу (Турција) - Дејана Радановиќ (Србија, 14) не пред 11:30 часот
Леолиа Жанжан (Франција), Сада Нахимана (Бурунди,1) - Рина Саиго, Јукина Саиго (Јапонија не пред 14:30 часот.