Јуниорски тенис Вести

Победнички настап на Сара Митевска на Поинтер Опен 2025

14.06.2025

Младата македонска тенисерка Сара Митевска со два пехара го заврши настапот на Поинтер Опен 2025 турнир од Категорија 3 за тенисери и тенисерки до 16 години. Таа во финалето во поединечна конкуренција ја совлада тенисерката од Бугарија Маја Мичева со 2-0 во сетови (63 61). Претходно во полуфиналето беше подобра од Кајра Бинбај од Турција со 2-0 во сетови (63 61), а шест гема и препушти на Фанги Шана од Кина 2-0 во сетови (62 64) со која настапи во конкуренција на двојки и завршија како победнички на турнирот.

Тие во финалето ги совладаа македонските тенисерки Александра Арсовска и Лина Николовска со 2-0 во сетови (60 64).

Во поединечна конкуренција три македонски тенисерки беа дел од четвртфиналните мечеви: Миа Спировска, Анастасија Арсовска и Ива Василевска.

Кај момчињата Горјан Вукичевиќ загуби во полуфиналето од Кристијан Стефанов (Бугарија) со 2-1 во сетови, додека во четвртфинале беше елиминиран Матеј Попов, кој загуби истотака од Стефанов.