На терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје утре стартува новото издание на Macedonian Open 2024. Според програмата ќе се играат 12 меча од првата рунда од квалификациите, каде и четири македонски тенисери ќе имаат свој настап.
Димитар Грабул во првото коло од квалификациите за ривал го доби хравтскиот тенисер Лука Микрут (502.место АТП), кој е рангиран како 8 носител во квалификациите. Шендрит Деари за ривал го има Лука Павловиќ од Франција (515.место АТП - 9.носител во квалификации).
Берг Бугариќ за противник го има 401-иот тенисер на АТП листата и 5.ти носител во квалификациите Жером Ким од Швајцарија, додека Амар Хусеиновиќ ќе игра против Константин Битон Козмин од Франција (484.место АТП - 6.носител во квалификации).
Инаку во „главниот ждреб“ прв носител е Чун-Хсин Ценг од Тајпех, кој е рангиран на 248.то место на АТП листата, а втор носител е Ерги Киркин од Турција (251.место АТП).
РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИТЕ ПО ТЕРЕНИ - ДЕН 1:
ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН
1 Никола Милојевиќ (Србија) - Џералд Мелцер (Австрија) почеток 10:30 часот
2 Марсело Зорман (Бразил) - Николос Басилашвили (Грузија)
3 Жером Ким (Швајцарија) - Берк Бугариќ (Македонија)
4 Калум Путерџил (Австралија) - Рајан Сигерман (САД) - почеток не пред 15 часот
ТЕРЕН БРОЈ 5:
Константин Битон Козмин (Франција) - Амар Хусеиновиќ (Македонија) почеток 10:30 часот
Шендрит Деари (Македонија) - Лука Павловиќ (Франција)
Димитар Грабул (Македонија) - Лука Микрут (Хрватска)
ТЕРЕН БРОЈ 6:
Хуан Карлос Прадо Анхело (Боливија) - Сергеј Фомин (Узбекистан) почеток 10:30 часот
Рајан Нибоер (Холандија) - Џорџ Голдхоф (САД)
ТЕРЕН БРОЈ 8:
Матеј Додиг (Хрватска) - Реј Хо (Тајпех)
Александер Донски (Бугарија) - Неил Оберлејтнер (Австрија)
Дан Адед (ФРанција) - Џон Никлес (Швајцарија).