Вести

Покана - Путем Шампиона - Фондација Новак Ѓоковиќ

09.02.2024

Почитувани клубови членови на ТФСМ,

Ве информираме дека Фондацијата Новак Ѓоковиќ за прв пат организира панел дискусија "Путем Шампиона - Скопје” .

Датумот на реализација на панелот е 11.02.2024 (недела) со почеток од 17ч. Локација на одржување на панелот е Хотел Холидеј Ин.

Темата на панелот е: ''Чиста мотивација'' 

Панелисти на овој панел ќе бидат: Кире Лазаров, проф. д-р Сашко Кедев и Пулексенија Јованоска

Модератор на панелот ќе биде: Ана Јовановиќ - Креатор на програмот Путем Шампиона .

Ве молиме да ги информирате родителите на вашите членови доколку имаат желба да присуствуваат, преку своите клубови да се пријават до Сабота, 10.02.2024 до 12 часот на маилот на ТФСМ: contact@tfsm.mk, потоа збирните пријави ќе бидат испратени до организаторите. На панелот можат да присуствуваат родители и тенисери.

Повеќе детали во однос на самиот програм -  "Путем Шампиона"  може да најдете на следниов линк: https://novakdjokovicfoundation.org/sr/putem-sampiona/