Борбата за пласман во полуфиналето на Macedonian Open е денеска на програмата кога се планирани четвртфиналните мечеви во сингл и во двојки.
Само еден играч има изборено пласман во двете конкуренции тоа е Михаел Гертс од Белгија, кој во мечот на теренот број 5 ќе игра против Мили Пољичак од Хрватска. Почетокот на овој меч е во 10:30 часот, а по овој дуел е и пресметка на квалификантот Нермин Фатиќ од БиХ и Германецот Кристоф Негриту.
На Централен терен ќе се игра и најинтересната пресметка меѓу ланскиот победник Жоел Шварцлер и третиот носител Џеј Кларк, а потоа е дуелот на првиот носител Хуго Делиен (учесник на Ролан Гарос) и Даниел Михалски, која како „среќен губитник“ стигна до четвртфиналето.
На теренот број 6 ќе се играат три меча во конкуренција на двојки.
РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ - ЧЕТВРТОК 22.МАЈ
ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН - почеток 10:30 часот
Џеј Кларк (3, Велика Британија) - Жоел Шварцлер (Австрија)
Хуго Делиен (1, Боливија) - Даниел Михалски (Полска)
ТЕРЕН БРОЈ 5 - почеток 10:30
Мили Пољичак (8, Хрватска) - Михаел Гертс (Белгија)
Нермин Фатиќ (БиХ) - Кристоф Негриту (Германија)
не пред 14 часот
Марсело Демолинер, Марсело Зорман (4,Бразил) - Даниел Цукерман (Израел), Михаел Гертс (Белгија)
ТЕРЕН БРОЈ 6 - почеток 10:30 часот
Ендрју Полсон, Михаел Врбенски (Чешка) - Клив Харпер (2,Канада), Рајан Сегерман (2, САД)
Срирам Балаји (1,Индија) Мигуел Рејес-Варела(Мексико) - Александер Донски (Бугарија), Серхио Мартос Хорнес (Шпанија)
не пред 14 часот
Неил Оберлајтнер, Давид Пишлер (Австрија) - Чудари Болипали, Сундар Прашнат (3, Индија)
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ
