Со денешените 12 меча од квалификациите од првото коло стартува годинашново издание на Челинџер турнирот Macedonian Open 2025, кој се игра на терените на ТК Југ во Градски парк и е со награден фонд од 100.000 долари. Денеска на терените ќе бидат и четири македонски тенисери (Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Берк Бугариќ и Обрад Марковски), кои имаат квалитетни ривали. Мечевите ќе се играат на четири терени, а влезот е слободен.
РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ - НЕДЕЛА 18.МАЈ 2025
Централен терен (почеток 10:30 часот)
(1) Даниел Михалски (Полска) - Обрад Марковски (Македонија)
Берк Бугариќ (Македонија) - Неил Оберлајтнер (Австрија)
Стефан Мицов (Македонија) - Жерар Кампана Ли (Ј.Кореја)
Терен број 5 (почеток 10:30 часот)
Андреј Мартин (Словачка) - Манас Дамне (Индија)
Тоби Кодат (САД) - Мирза Башиќ (БиХ)
Нермин Фатиќ (БиХ) - Амар Хусеиновиќ (Македонија) не почнува пред 14 часот
Терен број 8 (почеток 10:30 часот)
Мартин Крумич (Чешка) - Метју Делаведова (Австралија)
Олег Приходко (Украина) - Андрју Полсон (Чешка)
Матеј Додиг (Хрватска) - Андреј Недиќ (БиХ) не почнува пред 14 часот
Терен број 6 (почеток 10:30 часот)
Даниел Цукерман (Израел) - Лилиан Мармусе (Франција)
Франко Агаменоне - Рајан Сегерман (САД) не почнува пред 12:30 часот
Седрик-Марсел Стебе - Мајкл Врбенски (Чешка) не почнува пред 14:30 часот