Од денеска на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат мечевите во поединечното државно првенство на Македонија во двете конкуренции. Кај мажите пријавени се 29 тенисери, а кај жените 10.
Кај мажите во првото коло тројцата први носители Стефан Мицов, Томислав Јотовски и Елдин Хусеиновиќ се слободни. Во првото коло ќе се одиграат 13 мечеви.
Во женска конкуренција во првото коло ќе се играат два меча. По одигувањето на овие мечеви ќе следуваат и мечевите во конкуренција на двојки.
Расоред на мечеви по терени:
Терен број 5:
Филип Атанасовски - Кристијан Јанев
Димитар Грабул - Марко Стоилковски
Шендрит Деари - Драган Стојчевски
Дамјан Домазетовски - Максимилијан Алексовски
Терен број 6:
Петар Пројковски - Андреј Саздовски
Максим Тренески - Дарко Колески
Филип Митевски - Берк Бугариќ
Јана Божиновска - Катја Ивановска
Терен број 7:
Бодан Трпески - Андреј Тасевски
Иван Манасов - Михаил Кусески
Иван Ѓуричиќ - Борјан Стефановски
Ана Митевска - Ивана Милкова
Терен број 8:
Амар Хусеиновиќ - Бојан Трајков
Филип Стојановски - Бесир Дургути
Благој Темелков - Александар Илиоски
Почетокот на првите мечеви е во 9 часот.