Вести

Тениски фестивал за деца 13.04.2025 недела Градски парк

10.04.2025
Почитувани љубители на тенисот,
Во соработка со УНИ Банка, го најавуваме одржувањето на првиот од низата Тениски фестивали за деца кои ТФСМ ќе ги организира оваа година низ повеќе градови во Македонија.
Ве покануваме во недела на 13ти април 2025, да дојдете кај Школката во Градскиот парк со почеток во 11часот и заеднички низ игра и дружење ги научиме основите на овој атрактивен спорт.
Ве очекуваме,
Тениска Федерација на С.Македонија