Екипите кои важат за фаворити во лига натпреварите од екипното првенство на Македонија остварија максмални победи од 7:0 во дуелите од првото коло.
Бранителот на титулата екипата на Југ постигна победа од 7:0 против Битола во дуелот од групата 1.
Во групата 2 Поинтер со 7:0 ја совлада Црна Река, додека Неготино со истиот резултат славеше победа против Тумба од Куманово.
Југ - Битола 7:0
Томислав Јотовски - Боби Божиновски 60 60
Бесир Дургути - Даниел Станковски 61 60
Берк Бугариќ - Љубен Доневски 61 60
Дарко Колевски - Владимир Аницинов 60 60
Филип Стојановски - Виктор Поповски 62 60
Дургути/Стојановски - Божиновски/Поповски 60 60
Колевски/Бугариќ - Станковски/Донески 60 62
Неготино - Тумба 7:0
Стефан Мицов - Ацо Латиновски 60 60
Иван Манасов - Славко Саздовски 61 60
Васил Здравкин - Кристијан Тодоровски 60 61
Димитар Ристовски - Виктор Петрушевски 60 60
Павле Јованов - Далибор Димковски 63 63
Мечевите во двојки беа предадени
Поинтер - Црна Река 7:0
Обрад Марковски - Благој Темелков 62 62
Марко Стоилковски - Златк Блажевски 62 60
Михаил Куцески - Гане Јосев 60 60
Максимилијан Алексовски - Дарко Костески 60 63
Петар Џугоманов - Даниел Огненовски 60 62
Алексовски/Џугоманов - Темелков/Огненовски 26 63 10-8
Мартиноски/Србљак - Блажевски/Јосев предадено
Утре (недела) со почеток во 9.30 часот стартуваат мечевите од второто коло: МТП - Битола (група 1), Поинтер - Тумба и Неготино - Црна река.
Мечевите се играат на терените на ТК Југ во Градскиот парк.