Јуниорски тенис Вести

Финале во двојки за Јанев

11.08.2025

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев заедно со тенисерот од Чешка Матиас Скрлик стигнаа до финалето на Neocom Open 2025 турнирот за тенисери до 18 годии што се играше во Скопје. Поуспешни од нив во финалето беа тенисерите од Србија Вук Пантиќ Црнчевиќ и Павле Стоилјковиќ, кои остварија победа од 2-1 во сетови (76(3) 26 и 10-8 на поени).

На турнирот кај девојчињата во поединечна конкуренција македонската тенисерка Сара Митевска стигна до полуфиналето и беше елиминирана од Лидија Панајотиду од Грција, која оствари победа од 2-0 во сетови.

Од денеска на терените на ТК Југ во Градски парк стартуваше нов турнир од рангот Ј60 Југ Опен 2025.