Вести Репрезентативен настап

Шевченко: Нашите девојки покажаа квалитетна игра на сите мечеви

14.04.2024

Женскиот национален тим на Македонија со три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (Хрватска) натпреварувањето во Втората Ефро-африканска зона го заврши на четвртото место. Предизвикот за настап беше голем особено што Македонија беше нова репрезентација во овој зона. Според очекувањето главни играчи во нашиот состав беа Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска и го понесоа „товарот“, додека во составот беа и младите тенисерки: Ива Данева, Теона Андова и Ана Митевска.

Првиот меч на секое натпреварување е еден од најважните:

За другите три меча спортскиот директор со видување:

За време на натпреварувањето во Вилнус, нашиот женски национален тим со тренерите имаше и средба со Billie Jean King, тениска легенда која во својата кариера беше во еден период и најдобра светска тенисерка, а кариерата ја заврши со 129 турнирски победи, од кои 12 Грен Слем титули (со победи на сите четири Грен Слем турнири). Нашата екипа ја оствари средбата каде нашите тенисерки имаат можност да научат од една од најдобрите тенисерки во историјата.

Настапот на нашата Billie Jean King Cup репрезентација од 8-13 Април 2024 во Вилнус, Литванија на BJKC од 2-та Евро-Африканска група се одржа во одличната СЕБ Арена која располага со одлична инфраструктура за ваков настан.