Вести

Ѓорческа: По триумфот над Финска знаев дека сме блиску до првото место

24.06.2023

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го понесе најголемиот товар на мечевите на Били Џин Кинг купот во Скопје. Секако финалето имаше посебна тежина, но Ѓорческа на противничката во сингл мечот не и дозволи да освои ниту еден поен.

Ѓорческа победи на сите мечеви на кои настапи пет сингл победи и две победи во дубл.

Македонија во финалето ја победи Ерменија со 2:1.