Професионален тенис Вести

ДП екипно: Југ ја одбрани шампионската титула

18.07.2024

Тенискиот клуб Југ е старо-нов шампион на Македонија, откако во финалето денеска го совлада тимот на Поинтер со убедливи 5:0. Ова е уште една титула за Југ во низата со што го прави најуспешен спортски колектив во тенискиот спорт, а воедно и за најуспешен клуб со најмногу освоени шампионите титули во спортовите во Македонија.

Југ во финалето со убедливи 5:0 (пет победи во сингл) го совлада Поинтер. Тимот на Поинтер денеска настапи без двајцата најдобри играчи Горазд Србљак и Обрад Марковски, па и од таа причина изостана неизвесноста во конечниот резултат.

За разлика од финалето дуелот за третото место заврши со победа од 4:3 за Неготино против МТП, што беше знак дека беа одиграни сите мечеви, а победникот беше решен по одигрувањето на двата меча во двојки.

ФИНАЛЕ: ЈУГ - ПОИНТЕР 5:0

Петар Нестеров - Максимилијан Алексовски     2-0 (60 61)

Шендрит Деари - Михаил Кусески предадено повреда Кусески

Берк Бугариќ - Петар Џугоманов      2-0 (60 61)

Кристијан Јанев - Илија Мартиноски    предадено повреда Мартиноски

Максим Тренески - Бојан Кировски     2-0 (61 62)

3.место: НЕГОТИНО - МТП    4:3

Стефан Мицов - Дамјан Домазетовски     2-0 (60 61)

Иван Манасов - Матеј Арсов      2-0 (60 60)

Елведин Пепиќ - Албан Шабани   2-0 (64 62)

Васко Здравкин -  Виктор Сушелски    0-2 (16 26)

Андреј Тасевски - Салидин Рама      0-2 (46 57)

Мицов/Тасевски - Амар Хусеиновиќ/Домазетовски    0-2 (36 26)

Манасов/Пепиќ - Сушелски/Шабани      2-0 (64 62)

Од утре (четврток) на терените на ТК Југ во Градски парк стартува државното првенство во поединечна конкуренција.